Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Федерер е најголемиот на сите времиња, има аура која ја нема ниту еден играч

Објавено

на

Ник Кирјос е еден од познатите имиња кои во моментов не се активни поради различни причини, но се очекува тој во иднина одново да биде дел од големата сцена и да биде на највисоко ниво.

Тенисерот од Австралија се уште нема пронајдено начин да се избори со анксиозноста (вознемиреност), меѓутоа прави се да го надмине овој проблем.

-Добро сум, благодарам што ме прашавте. Морам да се справувам со многу негативности секој ден, но се потпирам на семејството и пријателите. И понатаму барам одговор на тоа. Тоа е секојдневна битка. Обично немам мотивација, но излегувам на терен и го правам тоа. Не планирам многу однапред, ден за ден, -истакна Ник во комуникацијата со фановите.

Воедно тој го издвои Рожер Федерер како најголем тенисер во историјата на оваа игра.

-Тој е најголемиот на сите времиња. Чувствував стравопочит кога го видов за прв пат, а и потоа тој продолжува да има аура каква што нема ниту еден друг играч. Тој е одличен и пријателски настроен човек со одлична смисла за хумор, -порача Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни