Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Федерер е најголем, не е важно дали Надал и Ѓоковиќ статистички ќе го надминат

Објавено

на

Пред некое време Рожер Федерер официјално стави крај на кариерата и тоа на Лејвер Купот во Лондон каде на крајот победата ја однесе тимот на светот.

Многу емоции донесе збогувањето на Швајцарецот, човекот кој одбележа една ера во тенисот, спортот, човекот кој поврза неколку генерации кои уште долго ќе се сеќаваат на него. Ник Кирјос е еден од играчите од помладата генерација кој имаше можност да игра, да му се спротистави на маестрото од Базел, па има донесено јасен заклучок дека тој е најдобриот, најприродниот тенисер на сите времиња.

-Го гледав повлекувањето на Федерер. Тоа беше посебен момент. Како што реков, тој веројатно е најголемиот, најприродниот, најнадарениот тенисер во светот што некогаш ќе го видиме. Без разлика дали Новак и Рафа ќе го надминат статистички. Се надевам дека ќе ужива по повлекувањето. Има четири деца, прекрасно семејство, време беше да го спушти рекетот и да ужива во животот, -порача Ник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни