Кирјос едвај дочека пораз на Ѓоковиќ и веднаш го пецна на социјалните мрежи (Фото)

Nik-Kirjos

Новак Ѓоковиќ остана без финале на Мастерсот во Синсинати откако во полуфиналето беше поразен од Данил Медведев.

Рускиот тенисер со 2:1 по сетови (3:6, 6:3, 6:3) стигна до победа и заслужен пласман во финалето на турнирот во САД каде противник ќе му биде Давид Гофан.

По поразот на Ѓоковиќ, веднаш со краток коментар на социјалните мрежи се јави контроверзниот Ник Кирјос. Јасно е дека Кирјос не може да го поднесе Ѓоковиќ и многу  пати со контроверзни и недолични коментари го коментираше српскиот тенисер.

Овој пат, Кирјос коментираше на објавата на Медведев на социјалните мрежи. Австралискиот тенисер кратко напиша „Мојот омилен тенисер“ со што алудираше на неговата победа над Ѓоковиќ.

1951085_111111_ff

Facebook Коментари