Шах
Кирил Георгиев го освои турнирот во брзопотезен шах во Битола
Велемајсторот Кирил Георгиев (2.583) го освои турнирот во брзопотезен шах кој се организираше во Битола, насловен како „Голд Фелиција 2024“. За него ова е втор освоен турнир во брзопотезен шах оваа година во Македонија, бидејќи во март победи и на „Алкалоид Опен“.
Специфика на турнирот беше времето за размислување од 10 минути за секој играч, плус 5 секунди за потег. По 9 одиграни кола, тој беше единствениот шахист со 8 бода, бидејќи двајца шахисти успеаја да одиграат реми. Интернационалнит мајстор Ламби Паско (2.390) од Албанија, кој загуби од Георгиев во седмото коло, на крајот со две победи во финишот се етаблираше како единствен играч со 7,5 бода и го освои второто место.
ВМ Звонко Станојоски (2.359) и ИМ Тони Лазов (2.365), обајцата членови на шампионскиот состав на ШК Алкалоид, ја предводат групата играчи со 7 бода во која има петмина шахисти, а останатите се странци: ИМ Рахул (2.246) од Индија, ИМ Сарачи (2.416)од Косово и ИМ Илир Сеитај (2.290) од Албанија.
Наградата за најдобар младинец до 18 години ја понесе Кирил Николовски (1.993) од ШК Мулти Есенс со 6 бода, додека неговиот тимски колега Андреј Иванов (1.634) е најдобар млад шахист до 14 години со 5,5 бода, а покрај тоа освои и масивни 183 рејтинг поени.
Леа Ефтовска (1.832) од ШК Алкалоид ја однесе наградата за најдобро пласирана шахистка, додека Томе Тодоровски (2.109) беше најдобриот меѓу ветераните.
-
АТПпред 20 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Италијапред 24 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 18 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Лига на шампионипред 5 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Мото ГПпред 17 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 6 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули