Кирил Георгиев го освои „Алкалоид Опен“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

001 kiril georgiev

Македонскиот репрезентативец Кирил Георгиев го понесе трофејот на турнирот во забрзан шах „Алкалоид Опен“ со импресивен скор од 8 поени во 9 партии, при што единствено српскиот шахист Бобан Богосављевиќ успеа да направи идентичен резултат.

Зад нив се пласираа шестмина играчи со по 7 бода, меѓу кои се издвоија Филип Панчевски, Дејан Стојановски и Тони Лазов со најдобри „тај-брејк“ коефициенти, а во групата беше и неодамнешниот победник на „Скопје Опен“, Никола Николовски.

Турнирот уште еднаш ја покажа својата популарност и привлече 168 играчи, меѓу кои 46 од соседните земји Србија, Косово, Бугарија и Албанија, како и еден играч од Русија. Вкупно настапија 10 велемајстори и 10 интернационални мајстори, 11 ФИДЕ мајстори, како и еден женски ФИДЕ масјтор (Моника Стојковска, која воедно беше наградена како најдобра шахистка). Наспроти тоа, имаше 39 јуниори под 18 години, меѓу кои од домашните играчи се истакнаа Андреј Велјановски, Стојан Велкоски, Емил Ристески и Матео Ефтовски.

chevron-right chevron-left

Facebook Коментари