Поврзете се со нас

Шах

Кирил Георгиев: Би играл на државното првенство со најголемо задоволство!

Објавено

на

Шаховската федерација на Македонија хибернира со појавата на коронавирусот и се уште нема усвоено нов календар откако паузата ги „прегази“ закажаните настани.

Преку социјалните мрежи беше лиферувана информацијата дека е подготвен протокол за играње шах во услови на Ковид-19, како и дека УО на ШФМ ќе има седница во вторник на 4 август, на која што треба да распише нови првенства.

Најважниот турнир, односно Затвореното поединечно првенство беше на програмата во мај 2020 година, но досега федерацијата не направи ништо за да го организира.

– Во овој момент се подготвувам за шаховската олимпијада која што ќе се игра преку интернет, многу ми важно да изиграм успешно на овој турнир. Планирам и сакам да играм и турнири во живо. Ако добијам покана од ШФМ да играм на поединечното првенство на Македонија би играл со најголемо задоволство. Од оваа година ќе играм за ШК Гамбит ако се организира екипното првенство на Македонија,- изјави за „Дерби“ актуелниот сениорски шампион, велемајсторот Кирил Георгиев.

На ова првенство треба да се поканат играчи кои имале најдобар пласман минатата година, или заслужиле да бидат меѓу десетте најдобри поради пласманот на Отвореното првенство на Македонија или сопствениот рејтинг. Досега ШФМ не покажала интерес и не упатила покана до ниту еден шахист.

Наспроти ова, преку социјалните мрежи најчесто доминираат препирките и притисокот на родителите од приватните шаховски школи кои инсистираат на младинско првенство, поради што ШФМ е исправена пред предизвикот да покаже дали е навистина асоцијација на шахистите или заложник на комерцијалните интереси на приватните шаховски подучувачи.

ШФМ утре ќе распишува првенства, ќе се сети ли на сениорите?

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни