Поврзете се со нас

Светски првенства

Кирикеш за дуелот со Македонија: Пандев им недостасува, но ќе ни биде потешко

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ќе го заврши септемврискиот квалификациски циклус со денешниот дуел против Романија.

Нашата селекција ќе се обиде да стигне до победата, иако за противник има незгодна репрезентација, која славеше на првата средба во многу неизвесен натпревар.

Искусниот Влад Кирикеш останува капитен на Романците, а на прес-конференцијата вчера потенцираше дека Македонија има поинакви квалитети во споредба со првото соочување.

– Сигурен сум дека повлекувањето на Пандев е голема загуба за македонската репрезентација.

– Тој беше важен фудбалер за нив, но од друга страна, сега се подобар колектив, односно можат да одиграат подобро како тим.

– Знам дека не очекува потежок натпревар во однос на првата средба, па ќе мора да одиграме на повисоко ниво ако сакаме да ги освоиме бодовите, – изјави Кирикеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни