Кире подобар од Борко, Нант главен ривал на Вардар за првата позиција

kire nant slavje

Нант и Кирил Лазаров славеа над Борко Ристовски и Барселона во мечот на неделата во Лигата на шампионите.

Францускиот состав пред своите гледачи го надигра шпанскиот шампион со 29-25 и на тој начин се издвои како главен ривал на Вардар за првата позиција во групата А која носи директен пласман во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Нашиот Кире и Борко немаа некој забележителен учинок, поточно нашиот капитен постигна само еден погодок. Прво име беше голманот Думулан со 19 одбрани, пет гола постигна Балегер. Кај Барса Перез Де Варгас запиша 16 интервенции и Мем даде 6 погодоци.

Нант по 10 кола има 15 бода и е второто место, Вардар пак собра 18 бодови.

Facebook Коментари