Кире Лазаров меѓу ѕвездите на прошталниот натпревар на Јиха

Jiha1

Филип Јиха реши да ја заврши својата успешна ракометна кариера, а по тој повод организира проштален натпревар на кој ќе учествува и македонскиот ракометен бомбардер, Кире Лазаров.

Македонскиот капитен е една од многуте ѕвезди кои ќе учествуваат на оваа средба која е најавена за следната сабота во Плзен, а токму Јиха решил да повика голем број поранешни соиграчи и истакнати ракометари за да го одбележи пензионирањето со врвно шоу.

Покрај Лазаров, меѓу ракометните имиња кои се очекуваат во Чешка се и Тјери Омејер, Даниел Нарсис, Гудјон Сигурдсон, Ким Андерсон, Доминик Клајн, Виктор Томас и Штефан Ловгрен.

Јиха во својата кариера најголемите успеси ги оствари во дресот на Кил, во 2010 година беше прогласен за најдобар светски ракометер, а подоцна го облече и дресот на Барселона каде му беше соиграч на Лазаров.

Facebook Коментари