Поврзете се со нас

Свет

Кире и понатаму ќе „грми“ на терените: Лазаров ќе потпише нов договор со Нант

Објавено

на

blank

Македонскиот селектор и воедно капитен на репрезентацијата, Кирил Лазаров нема намера да и стави крај на играчката кариера по крајот на оваа сезона.

Десниот бек од 2017 година е дел од Нант, а како што најавува реномираниот „Л’Екип“ ќе остане во оваа средина најмалку уште една сезона до 2022 година. Францускиот медиум пренесува дека договорот е финализиран, поточно дека само се очекува официјална потврда на истиот.

Останува да видиме дали Кире ќе има и дополнителна улога, односно дали ќе биде дел и од стручниот штаб на Алберто Ентрериос. Ова воедно значи дека ветеранот ќе може да и помогне и на нашата репрезентација на теренот, поточно со своето искуство, знаење да биде од корист на уште едно големо натпреварување ЕП 2022.

Воедно не треба да се заборави дека денеска Лазаров може да испише нова историја во европскиот ракомет, поточно ако заигра против Кјелце во ЛШ ќе стане аполутен рекордер по настапите во елитното натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни