Поврзете се со нас

Англија

Кион за статусот на Артета: Арсенал мора да донесе важна одлука, ова не смее да се повтори

Објавено

на

Елиминацијата на Арсенал од Лига Европа е уште едно големо разочарување во серија за навивачите и сите кои го поддржуваат англискиот клуб, а меѓу нив се и поранешните фудбалери.

Мартин Кион не е сигурен дали Микел Артета ќе остане на менаџерската позиција откако „топчиите“ не забележаа напредок сезонава, а очигледно ќе останат и без пласман во европските купови.

– Одлуката за иднината на Артета треба да биде донесена што побргу. Тој е млад менаџер, но не значи дека ќе имате успех дури и да сте тренер со голема репутација.

– Мора да учите брзо, но не можам да кажам дека Артета ќе остане, веројатно одлуката ќе биде донесена по крајот на сезоната.

– Дури и да добие поддршка, мора да има одличен старт следната сезона доколку сака да ја задржи функцијата, сега ќе биде под голем притисок. Што и да се случи, едно е јасно, ваквите игри не смеат да се повторуваат, – изјавил Кион во студиото на „Би-Ти Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни