Поврзете се со нас

Англија

Кион му се извини на Ван Нистелрој после 22 години, конверзацијата стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Увертирата за натпреварот меѓу Лестер и Арсенал донесе и една интересна средба на „Кинг Пауер“, односно разбуди спомени на едно старо ривалство кое беше актуелно пред повеќе од две децении.

Пресметките на Арсенал и Манчестер Јунајтед беа една вистинска фудбалска војна во 2000-те години, а кога е во прашање пресметката на „Олд Трафорд“ од 2003-та година, тогаш во прв план се најдоа Руд Ван Нистерлој и Мартин Кион.

Холанѓанецот имаше шанса да донесе победа од пенал во судиското продолжение, но наместо да го направи тоа, мораше да го трпи сеирот од Кион кој му се радуваше во лице по нереализираната најстрога казна.

Легендарниот Кион сега како стручен аналитичар имаше шанса да се сретне со Руд на „Кинг Пауер“, па го искористи моментот за јавно да му се извини.

Ван Нистелрој го прифати тоа и посочи дека работите кои се случуваат на теренот, остануваат таму, а нивната симпатична конверзација брзо стана вирален хит.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни