Поврзете се со нас

Англија

Кион и Парлоу едногласни: Венгер заслужува статуа пред „Емирејтс“

Објавено

на

Францускиот стратег Арсен Венгер остави голема трага во таборот на англискиот премиерлигаш Арсенал, тој му служеше на клубот повеќе од две децении, освои многу титули, па според легентите на „топчиите“ Мартин Кион и Реј Парлоу тој заслужува максимално да биде испочитуван и да има негова статуа пред стадионот.

-Пред него завршуваме на десетто место, четврти, 12-ти, петти во Премиер лигата. Потоа со него освоивме три титули, -истакна Кион.

-Затоа тој заслужува статуа. Тој е оној кој кој го создаде „Емирејтс“. Тој е тој што го имаше тој фокус да каже „Хајбери“, колку што сите го сакавме, не беше доволно голем, -рече пак Парлоу.

Воедно Мартин и Реј сметаат дека Арсен мора да биде во управата на клубот.

-Венгер беше визионер. Тој треба да биде во управата, -истакна Кион.

-Можеле ли тоа да го направи? Венгер сакаше да биде активен од ден за ден, тренингот, натпреварите, -одговори Парлоу.

-Која е алтернативата? Алтернативата е она што го има сега – нема официјална врска со фудбалскиот клуб Арсенал кога треба да седи гордо во управата. Кога го слушам како зборува, тој сè уште вели „ние“. Ставете го Венгер таму и ставете го на располагање неговото знаење, -дополни Кион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни