Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кион го анализираше поразот на Арсенал: Причината е…

Објавено

на

Арсенал доживеа пораз од Порто од 1-0 во првото соочување во првата нокаут рунда во оваа сезона во Лигата на шампионите.

„Топчиите“ го дочекаа овој дуел во извонредна форма со пет победи во низа во Премиер лигата од кои некои беа супер убедливи од 5-0 и 6-0, меѓутоа оваа е сосема друга сцена, друго натпреварување и тоа избраниците на Артета уште еднаш го почуствуваа на своја кожа.

Клучниот момент се случи во судиското продолжение кога Галено со мајсторски прецизен удар го матираше Раја.

Сега премиерлигашот ќе има потешка задача за пласман во наредната фаза, но легендата на клубот Мартин Кион верува дека ќе ја научат оваа лекција, поточно според него овој пораз се должи на неискуството на екипата во вакви пресметки.

-Тоа беше навистина непријатен удар. Професионалниот настап, добро одбрана, можеше да се создадат повеќе можности, но потоа евтино ја давате топката и Галено постигнува прекрасен гол. Не можете да помислите дека можеби искуството го чинеше Арсенал тоа е натпреварување на доцни голови и тоа е млад тим кој учи во Европа и се надевам дека нема да се врати да ги прогонува.

-Ниту еден тим навистина не создаваше толку многу шанси, имаше опуштање на крајот. Само мислам дека тоа е неискуство. Мартинели можеше да ја задржи топката, гледате мечот завршува, Жоржињо влезе тоа да го прави така што е доста болно за овој млад тим да прими гол на таков начин, -истакна Мартин за „ТНТ Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни