Кинтана ги „совлада“ Пиринеите, жолтата маичка остана кај Томас

kintana-tdf

Синоќа, на најголемиот собир на велосипедисти Тур де Франс се возеше една од најкратките патеки оваа година, 65 километри долгата етапа од Бањер-де-Лишон до Сен-Лори-Сулан.

На оваа планинска етапа, седумнаесетта по ред, највеќе се истакна Колумбиецот Наиро Кинтана, кој ги искачи Пиринеите за 2 часа, 21 минута и 27 секунди. Зад себе успеа да ги остави Ден Мартин, кој заостануваше 28 секунди и водечкиот во генералниот пласман Томас Герајнт, кој доцнеше 47 секунди, додека на 52 секунди зад Кинтана беа Примож Роглич и Том Димулен.

Третопласираниот Томас успеа да го задржи водечкото место во генералниот пласман, но сега зад себе го има Димулен, кој доцни 1 минута и 59 секунди, а освојувачот на Џиро, Крис Фрум има негатива од 2 минути и 31 секунда. Како четврт остана Роглич, но разликата сега изнесува 2 минути и 47 секунди, а со синоќешната победа во топ5 влезе и Кинтана, кој има негатива од 3 минути и 30 секунди.

Пласманот за останатите маички во индивидуална конкуренција остана непроменет, па единствено кај тимовите по еден ден го врати Мовистар, чиј дрес го носи Кинтана. Денеска на турнејата ќе се вози рамната етапа од Три-сур-Баиз до По, со должина од 171 километар.

Facebook Коментари