Кинг му ги спакува куферите на Хигинс, Мегвајер го преслуша Дот

Higins-King

Марк Кинг го издржа притисокот и ги освои двата последни фрејма во дуелот со Џон Хигинс за пласман во четвртфиналето на Британското снукер првенство во Јорк.

Хигинс водеше со 5:4, но на крајот Кинг стигна до победата со резултат 6:5 и на тој начин неочекувано му го продолжи одморот на фаворитот кој е уште едно големо име кое остана без можност да стигне до завршницата на елитниот турнир.

НАЈСИЛЕН СНУКЕР ТУРНИР ДОСЕГА ВО МАКЕДОНИЈА: ВИКЕНДОВ СТАРТУВА „СКОПЈЕ ОПЕН 2017“

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Шон Мегвајер кој денеска го совлада Греем Дот со убедливи 6:2. Вечерва ќе бидат познати уште два патника во следната рунда, а првиот фаворит Рони О’Саливен својот настап во осминафиналето го има во утрешната вечерна сесија.

Facebook Коментари