Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Кинески играч премолчи фаул и ја налути снукер заедницата (Видео)

Објавено

на

Снукерот можеби е далеку од најпознат и најпопуларен спорт во светот, но ако е познат по нешто, тогаш тоа е дека се работи за најџентлменскиот спорт кој постои.

Тој епитетот не е случајно поврзан со него, туку истиот е заслужен преку однесувањето на играчите кои низ процесот на напредок до професионалци градат однос кон играта и противникот која тешко може да се достигне во друг спорт.

Снукер фановите знаат колку се внимава на овој аспект, посебно кога околу масата се најголемите ѕвезди, па затоа еден некоректен потег подигна голема прашина во снукер заедницата.

Во завршницата од квалификациите за најважниот турнир, Светското снукер првенство во Шефилд, Венбо Лианг и Фергал О’Брајан го играа решавачкиот 19 фрејм, чиј победник обезбедуваше место во жребот за главниот турнир.

Кинескиот играч направи фаул кој не беше забележан од судијата, ниту пак од неговите асистенти во позадина, а она што ги разлути снукер фановите е што Лианг премолчи и не го призна фаулот, нешто што е вообичаено за играчите на овој спорт.

Не само што Лианг премолчи, подоцна го освои фрејмот и сега го очекува својот ривал на главниот турнир во „Крусибл“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни