Поврзете се со нас

Светски првенства

Кинеската телевизија ги „елиминира“ фановите во преносите од СП во Катар (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/fefecuador

Кинеските фанови со големо внимание ги следат натпреварите од Светското првенство во Катар, но телевизиските преноси во азиската земја се уникатни на глобално ниво.

Во периодот кога Кина инсистира на носење маски поради зголемувањето на бројот на заболени со ковид, јавноста реагирала поради фактот што такво нешто е веќе минато за фановите кои се на трибините во Катар.

Тоа ги натерало кинеските цензори да решат да ги исфрлат фановите од тв преносите, па во ситуациите кога ние следиме такви кадри, на кинеската телевизија се уфрлуваат крупни кадри од селекторите, фудбалерите и слично, се само за да се избегне покажување фанови без маски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни