Кинеска трагедија: Цао загуби „добиен“ меч против Робертсон во Шкотска (Видео)

Nil-Robertson

Нил Робертсон е победник на снукер шампионатот на Шкотска откако во неверојатното финале тој успеа да го победи Јупенг Цао со 9:8.

Австралиецот по подолго време освои ранкинг турнир, но она што ќе биде запаметено од дуелот во Глазгов е неговиот неверојатен пресврт. Цао водеше со 8:4 и не издржа под големиот притисок, следните пет наредни фрејмови ги доби противникот, па кинескиот снукер мајстор остана без толку посакуваниот успех.

Клучниот момент се случи во претпоследниот фрејм, кога Цао требаше да ја уфрли уште црната кугла, но не успеа во тоа и му ја остави на дупка на противникот, подарок кој Робертстон го искористи да израмни на 8:8, а подоцна и да го комплетира пресвртот.

За овој освоен турнир, Робертсон ќе добие 70.000 фунти и од утре се враќа во Топ 16, односно ќе биде 15-ти на светскиот ранкинг.

Facebook Коментари