Кина ја доби организацијата на Мундобаскетот во 2019 година

China-bid

Извршниот комитет на ФИБА денеска одлучи организатор на Светското кошаркарско првенство во 2019 година да биде Кина која првпат во својата историја ќе биде домаќин на собирот на најдобрите светски селекции.
Кинезите во гласањето го победиле вториот финалист Филипини со резултат 14:7 и на тој начин ја добија честа, но и големата одговорност за Мундобаскетот кој ќе се одржи по четири години.
– Знам како е да се игра врвен кошаркарски турнир пред своите гледачи од искуството на Олимпијадата во 2008 година. Организацијата на ова СП ќе инспирира многу млади луѓе да се занимаваат со кошарка, – изјавил Јао Минг, амбасадорот на кинеската кандидатура.
Според истата, Кина ќе го организира Мундијалот во 8 града, а првпат во квалификациите ќе учествуваат 140 репрезентации од целиот свет.

Facebook Коментари