Поврзете се со нас

Англија

Кин: Заврши медениот месец за Солскјер, мора да донесе трофеј оваа сезона

Објавено

на

Рој Кин е еден од големите поранешни асови кој секогаш зборува директно и без влакна на јазикот особено кога се работи за некогашниот негов клуб Манчестер Јунајтед.

Јунајтед никако не успева да дојде до успесите, играта што ја имаше под водство на сер Алекс Фергусон, па сега по се поголем притисок е и легендата на клубот, Оле Гунар Солскјер. Тој беше доведен да ја врати таа победничка енергија, да ја претвори екипата во кандидат за трофеи, ама тешко му оди засега и останува да видиме до кога управата ќе му дава максимална поддршка.

Според Кин медениот месец за Оле е завршен и тој мора да донесе трофеј на „Олд Трафорд“.

-Мислам дека задачата ќе биде различна за Оле оваа година. Минатата година велеа „ако можеш да не донесеш до топ 4“…Знам дека стигна до три полуфиналиња но ова ќе биде повисока сезона за него. Мислам дека Оле најверојатно ќе мора да донесе трофеј. Медениот месец за него е завршен.

-Притсокот расте особено со настапите што ги имаа во изминатава недела, -истакна Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни