Англија
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
Рој Кин можеше да го гледа дербито на „Емирејтс“ во живо додека течеше емисијата на „Оверлап“, а после сето она што го виде во Северен Лондон, легендарниот Ирец не можеше да биде задоволен од изданието на Манчестер Јунајтед.
Поранешниот капитен смета дека Рубен Аморим добил реална слика за тоа со каков тим си фати работа, но во неговата анализа, посебно критички настроен е кон Маркус Рашфорд.
Англичанецот тргна добро во ерата на новиот менаџер и постигна три гола, но вчера беше резерва и доби шанса во завршните 30 минути.
– Морам да кажам нешто. Маркус Рашфорд влезе во игра, но од тоа што го гледаме, може да заклучиме дека неговата генерална игра како фудбалер е шокантна. Дали видовте како ја шутна топката со глава? Не можам да поверувам што гледам. Јунајтед не доби ништо од резервите кои влегоа во вториот дел. Резервите не направија ништо.
– Јунајтед секако не заслужи ништо, изгледаа како ѓубре и овој тим само може да ве измами со едно добро издание. Нема динамика, нема брзина, не видов ниту еден добар знак вечерва. Ова беше лесна победа за Арсенал, новиот менаџер сигурно си мислеше дека овој тим поседува барем малку повеќе квалитет. Сега се увери дека не е така, навистина бев фрустриран на крајот на натпреварот, – порачува Кин.
-
Светски првенства23 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Светски првенства10 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства11 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија20 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија10 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Македонија23 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија22 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)