Поврзете се со нас

Англија

Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Во модерниот фудбал стана пракса тренерите да имаат извонреден однос со своите капитени и водејќи се по емоциите да го бираат својот лидер, но Рој Кин уверува дека во неговиот случај во Манчестер Јунајтед тоа никогаш не било така.

Добро познто е дека легендарниот Ирец си замина од „Олд Трафорд“ откако сериозно си го наруши односот со Сер Алекс Фергусон, но денеска самиот откри дека тој речиси никогаш немал добра врска со најуспешниот менаџер во историјата на клубот.

Всушност, Кин потенцира дека немал добар однос со ниту еден тренер со кој соработувал во кариерата, а во обраќањето кое го имаше за „Скај Спортс“ ги наброја и своите причини.

– Никогаш не постоело врска меѓу мене и Фергусон. Луѓето знаат да кажат дека сме имале добар однос во минатото, но колку што јас се сеќавам, имав само два или три приватни разговори со него за време на моето време во клубот. Доаѓав, си ја вршев својата работа, имав перформанси секоја недела и мојата цел беше да бидам добар професионалец.

– Менаџерот ви ја дава капитенската лента со причина, според мое гледиште, тоа не треба да значи дека треба да имате пријателски разговори, да пието заедно чај и да јадете бисквити. Тоа никогаш не проработе кај мене, никогаш во животот не бев близок со ниту еден менаџер. Тоа е моето скромно мислење. Според мене, нема потреба да бидете близок со тренерот. Секогаш има момент кога тренерот ќе носи тешки одлуки и кога ќе ве фрли под автобус, нема зошто да бидете пријател со него. За ова ќе зборувам дополнително некој друг ден, – изјави Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни