Поврзете се со нас

Англија

Кин за последната изјава на Погба: Некој треба да го потсети зошто е доведен во клубот

Објавено

на

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, денеска ја коментирал изјавата на Пол Погба, во која Французинот отворено го критикуваше Жозе Мурињо и неговите тренерски методи.

Погба истакна дека Оле Гунар Солскјер е многу подобар менаџер и поради односот со своите фудбалери, односно начинот на кој ги третирал играчите за кои немало простор во составот.

Сепак, Кин не ги прифати ваквите коментари со многу симпатии, па му возврати на Погба.

– Мислев дека не дознавме ништо ново од тоа интервју, тоа е истата работа која ја зборуваме со години.

– Погба е талентиран фудбалер, но не направил ништо посебно во Јунајтед. Не се согласувам дека Погба има големо влијание врз играта изминатите месеци, игра само ок, ништо повеќе од тоа.

– Тој е добар играч, но го немаше на некои важни натпревари, како на пример во купот против Лестер или против Сити на домашен терен. Кога го купуваш Погба, не го правиш тоа за да игра во Лига Европа или Лига купот, мислам дека некој треба да го потсети зошто е скапо платен и доведен во Јунајтед. Големите трансфер суми се плаќаат за да се победи во Лигата на шампионите, – изјавил Кин.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни