Поврзете се со нас

Англија

Кин за најлошата страна на Халанд: Игра како четвртолигашки фудбалер

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд беше целосно неутрализиран од Габриел и Салиба и не доби шанса да дојде до израз во дербито против Арсенал, а неговата неактивност на нов голем меч ги натера критичарите да бидат доста негативни за техниката која ја поседува.

Норвежанецот се докажа како најдобар голгетер во светот во последните две години и во тоа сите се уверија, но Рој Кин смета дека Халанд мора многу да напредува во другите фудбалски елементи како што се градењето на играта и вклученоста во нападите надвор од шеснаесетникот.

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед испорача навистина жестоки зборови за изданието на Халанд против Арсенал, па дури заклучи дека на моменти изгледа како играч кој се натпреварува во Лига 2 (четврти ранг во Англија).

– Неговото ниво за генерално градење на играта е многу лошо. Не зборувам само за денеска, тоа сме го виделе повеќепати. Неговите удари со глава, лошите приеми и многу друго. Кога е пред голот, тој е најдобар играч во светот, но неговиот технички квалитет и генерална игра се многу лоши за играч од таква класа.

– Мора да се поправи во тие сегменти, на моменти изгледа како играч од Лига 2. Неговата генерална игра мора да се подобри, но сигурен сум дека ќе го направи тоа во годините кои претстојат, – изјави Рој Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни