Англија
Кин за голманската мета на Јунајтед: Боже мој, тој не е врвен голман!

Манчестер Сити го освои „Гудисон парк“ и е чекор поблиску до одбрана на титулата во Премиер лигата, особено ако се знае дека Арсенал во продолжение на денот доживеа голем шок и загуби од Брајтон на домашен терен со 0:3.
На Сити сега доволна му е само една победа за да ја завери титулата во домашното првенство, а онаа вчера беше остварена благодарение на Илкај Гундоган кој имаше свое шоу во Ливерпул.
Илкај постигна два гола и запиша една асистенција во триумфот од 0:3, но неговиот блесок беше причина за развивање на дебата околу потенцијалното засилување на Манчестер Јунајтед.
Џордан Пикфорд се поврзува со клубот од „Олд Трафорд“ во последно време, но Рој Кин искрено се надева дека англискиот репрезентативец нема да пристигне како конкуренција за Де Хеа.
– Гундоган шутираше паметно, но погледнете го Пикфорд за вториот гол. Боже мој, тој изгледа толку мало со задоцнетата реакција. Нема добра антиципација, не го предвидува ударот. Мика Ричардс пред натпреварот порача дека тој е врвен голман. Верувајте ми дека не е, – порача Рој Кин во студиото на „Скај Спортс“.
-
Балканпред 21 час
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 6 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик