Поврзете се со нас

Англија

Кин за формата на Кејн: Би бил загрижен ако сум негов менаџер

Објавено

на

Хари Кејн се наоѓа во катастрофална форма од почетокот на сезоната, а ги загрижи фановите на Тотенхем и со настапот на дербито со Челси.

Англискиот репрезентативец досега не успеа да постигне гол во Премиер лигата, а Рој Кин вели дека менаџерот морал рано да го извади од игра.

– Говорот на телото на Кејн денеска беше страшен.

– Ќе бев загрижен како менаџер бидејќи ова може да се протолкува како „мамурлак“ од летоска и Европското првенство.

– Санто мораше да го повлече од игра, кога фудбалерот не ги оправдува очекувањата, мора да биде заменет, – изјавил вчера Кин.

Тотенхем загуби со убедливи 3:0 во градското дерби со Челси, а Кејн одигра цел натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни