Поврзете се со нас

Европски првенства

Кин за бизарната изолација на Маунт и Чилвел: Што бараат да зборуваат со противнички играч

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација ги загуби Мејсон Маунт и Бел Чилвел за вечерашниот дуел со Чешка, затоа што фудбалерите на Челси имале подолг разговор со Били Гилмор од шкотската селекција, кој подоцна имаше позитивен тест на ковид-19.

Иако шкотската селекција нема други изолирани фудбалери, беше донесена бизарна одлука според која двајцата англиски фудбалери мораат да останат во изолација уште неколку дена, пред да им биде дозволено да се вратат во репрезентацијата.

Ваквиот епилог предизвика многу реакции, а од друга страна тука е и Рој Кин, кој повторно има малку поинаков став од мнозинството фанови.

– Единственото нешто што јас ќе го кажам е што бараа Маунт и Чивел да зборуваат толку долго со противнички фудбалер? Не ме интересира дали им е клупски соиграч или не.

– Јас ретко сум зборувал подолго од пет минути со некого, по натпревар на кој сте воделе битка со некого, зошто би имале желба да зборувате над 20 минути. Треба да се малку посовесни, – изјавил Кин во студиото на „Ај-Ти-Ви“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни