Лига на нации
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…

Англија им се врати на победите во Лигата на нации и тоа со славје во Хелсинки кај Финска од 3:1 што дефинитивно ја прави супер интересна завршницата во групата Б во сегментот Б во ова натпреварување.
Најубавиот потег на средбата го имаше членот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд кој погоди од слободен удар во 74 минута за водство од 2:0 и може да се каже дека тука и го откажа противникот иако во продолжението падна по уште еден гол на двете страни.
Ремек-делото на Арнолд од слободен удар го неутрализираше потресот во Англија (Видео)
Трент за оваа мајсторија доби комплименти од сите страни, но Рој Кин беше брутален и говореше за неговите способности, поставеност во дефанзивната линија.
-Одлична техника, техниката е фантастична. Нема шанси за голманот. Обично сум суров кон голманите, но сега нема на тоа да се фокусирам.
-Му давате време на Трент, бидејќи неговите одлуки и квалитетот на додавањата се фантастични, но не можам да верувам колку е лош во одбраната и против подобри тимови ќе биде казнет. Ако го видовте пред некоја вечер како се брани (против Грција), изгледаше како никогаш претходно да не играл десен бек, -порача Рој.
-
Италија24 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон