Поврзете се со нас

Англија

Кин воодушевен од херојот на Аморим: Конечно имаме играч кој заслужува да го носи дресот на Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Дерби победите секогаш се побесни слатки и важни за фудбалерите, но истите стануваат уште повредни кога се остварени над директен и лут ривал.

Манчестер Јунајтед вчера на драматичен начин направи превсрт во самата завршница и ја „украде“ победата на „Итихад“, стадион на кој Амад Диало се погрижи за затишје меѓу домашните навивачи со двата клучни потези.

Амад најпрво се избори за пенал кој во гол го претвори Бруно Фернандеш, за потоа да биде и стрелец на голот за победа од 1:2.

Младото крило со своите изданија под водство на Рубен Аморим се претвора во играч број еден за португалскиот стручњак, а со таков заклучок излезе и легендарниот Рој Кин.

– Најмногу ме радува играта на Амад. Ова момче го заслужи ова со енергијата и квалитетот кои ги нуди на последните натпревари. Младите фудбалери секогаш носат и грижи со себе, бидејќи се прашувате дали ќе останат цврсто на земја после почетен блесок. Како и да е, ова беше извонредна вечер за него.

– Беше подготвен за дуели еден на еден, трчаше зад грб и правеше многу добри работи во нападот. Треба да поседувате одредени особини за да го облечете дресот на Манчестер Јунајтед, а сега конечно имаме таков играч. Изгледа комотно додека го носи овој „тежок“ дрес, бидејќи има други играчи кои се мачат да го прикажат најдоброто. Засега, Амад изгледа како момче кое знае да се носи со тој притисок, – вели Кин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни