Поврзете се со нас

Англија

Кин влезе во жесток клинч со навивач на Ипсвич: Ќе те чекам кај паркингот (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин како познат спортски аналитичар е дел од речиси секој натпревар кој го игра Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, а неговата блискост до самите случувањата на теренот, многу често прави да биде во постојан контак со навивачите.

Легендата на Манчестер Јунајтед е омилен меѓу фановите на клубот од „Олд Трафорд“, но на гостувањата не добива баш толку добар третман, за што доказ е и вчерашното гостување на „Портман Роуд“.

Еден навивач на домашниот тим влегол во клинч со темпераментниот Ирец и успеал целосно да го извади од рамнотежа, а од прикажаните видеа на социјалните мрежи, добро се гледа дека Кин побарал од провокаторот да го „почека кај паркингот“.

Кин морал да биде смируван и оттргнат од колегите за да не дојде до физички контакт, а фанот кој самиот се идентификуваше на социјалните мрежи, во текот на денешниот ден откри како го испровоцирал Рој.

Навивачот на Ипсвич откри дека му замерил на Кин за времето кога во водеше тимот на „Портман Роуд“, додавајќи дека тој бил една од главните причини што клубот бил уништен во последната деценија пред влезот во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни