Поврзете се со нас

Англија

Кин уште еднаш застана зад Роналдо: Тој не е маргинален играч, навивачите на Јунајтед не се луди

Објавено

на

Кристијано Роналдо и официјално е веќе минато за Манчестер Јунајтед, клуб со кој по вторпат во кариерата се раздели.

Португалецот беше незадоволен од тоа што се случуваше во изминативе месеци, па се отвори и „испука“ се што му лежи на срце во интервјуто за Пирс Морган, потег кој резултираше со раскин на договорот со премиерлигашот.

Некои луѓе го критикуваат, некои го бранат, а меѓу вторите е и некогашниот капитен на Јунајтед, Рој Кин.

Тој смета дека заминувањето е очекувано, ама воедно смета дека неговата репутација во клубот, меѓу навивачите не е нарушена.

-Тоа беше во картите во последните неколку месеци. Интервјуто беше пресвртната точка. Требаше да си замине летото, новиот менаџер никогаш немаше да го игра. Не можете да го имате Роналдо како маргинален играч, едноставно не е во ред. Треба да се однесувате поинаку со врвните играчи.

-Не сакам повторно да зборувам за пресинг, Роналдо не се врати во клубот тоа да го прави, тој се врати да постигнува голови. Мислам дека е навистина едноставно, луѓето велат дека неговата репутација во Јунајтед е нарушена. Далеку од тоа. Навивачите на Јунајтед не се луди. Роналдо ќе биде еден од најголемите играчи. Не заврши добро, но тоа е животот, -заклучи Рој.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни