Поврзете се со нас

Англија

Кин убеден дека има само едно и единствено решение за Рашфорд: Со него треба да се употреби еден стар метод!

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Рој Кин традиционално ги дава најинтересни коментари за звучните поединци кои настапуваат во Премиер лигата, па откако пред неколку дена даде легендарен коментар за Ерлинг Халанд, сега му се нафрли на Маркус Рашфорд.

Кин ја подели јавноста со својата изјава дека Халанд на моменти изгледа како четвртолигашки фудбалер, а сега испрати совет до повозрасните играчи во Јунајтед, или до менаџерот Ерик Тен Хаг.

Поранешниот капитен смета дека постои само еден начин за будење на МАркус Рашфорд, фудбалер кој беше клучен на крајот од минатата сезона, а кој оваа игра на непрепознатливо лошо ниво.

– Никој не ги доведува во прашање неговите квалитети, тој е исклучително добар, но нешто му недостасува на Рашфорд оваа сезона. Овој разговор веќе го водиме со месеци, а ништо не се променува. Секој фудбалер има свои падови, но тој очигледно не ужива во фудбалот.

– За него постои само едно и единствено решение, треба да се употреби стар метод кој секогаш вродува со плод. Треба да дојде некој и да му удри клоца во задникот и да му порача: Потребно ни е многу повеќе од тебе! Ако сакате да бидете лидер и ако имате голем договор, мора да преземете и одговорност, – вели Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни