Поврзете се со нас

Англија

Кин: Со него Арсенал ќе беше шампион

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Екипата на Ливерпул со победата над Вест Хем од 2-1 направи нов исчекор кон обезбедување на пехарот во англиската Премиер лигата или поточно со овој триумф беше заокружена одличната седмица со оглед на тоа што пред неколку дена клуб објави дека е постигнат договор за продолжување на соработката со Мохамед Салах.

Некое време изгледаше напаѓачот е на излезни врати од „Енфилд Роуд“, односно дека нема да го добие она што го посакува без разлика на историјата и се што низ годините има направено за Ливерпул, но ситуацијата се промени и великанот повлече потег за кој и Рој Кин смета дека е правилен.

-Тој игра од недела во недела, дава голови, асистира. Вака кажано, да го ставите во Арсенал, тие ќе беа шампиони оваа година. Толку е посебен.

-Драго ми е што го падна договор затоа што сакате врвните играчи да играат во Премиер лигата и тој тоа го заслужува. Тој е специјална претстава и без сомнение добар професионалец, тој го прави бизнисот, па мораа да му дадат договор. Не можеа да му дозволат бесплатно да си замине, -порача Кин во негов стил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни