Англија
Кин со критики за еден потег на Чаби Алонсо: Ние немаше да толерираме такво нешто
Чаби Алонсо имаше успешна фудбалска кариера, која сега ја надградува и со тренерски успеси, но еден негов потег се појавил како тема во последната епизода од подкастот на Гери Невил.
Покрај стандардните гости Рој Кин и Џејми Карагер, во емисијата учествувал и Рафаел Бенитез, па оваа четворка зборувала на многу теми, вклучувајќи го периодот во кој Шпанецот го предводеше Ливерпул.
Кин се сетил на една епизода со Алонсо и потенцирал дека тој и неговите соиграчи од легендарната генерација на Манчестер Јунајтед не би толерирале такво однесување. Се работи за епизодата од 2008 година, кога Алонсо одбил да игра во квалификациите за ЛШ, затоа што сакал да реализира трансфер во Арсенал.
– Понекогаш фудбалерите сакаат да си заминат и тоа е во ред. Но, кога одбиваат да настапат поради таа причина, не ми е јасно како останатите фудбалери не се вртат против нив.
– Јасно ми е дека тренерите може да имаат недоразбирања и кавги со фудбалерите и тие да сакаат да заминат, но за тренерот е фрустрирачки да види фудбалер кој не одговара на обврските, а сепак соиграчите се во одлични односи со него.
– Ние немаше да толерираме такво нешто во соблекувалната на Јунајтед, – истакнал Кин.
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 16 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 18 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 16 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 13 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 15 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)