Поврзете се со нас

Свет

Кин со критики до Кејн: Нема средина со него, или е…

Објавено

на

Селекцијата на Англија иако важеше за апсолутен фаворит не успеа да слави над Унгарија во вчерашниот меч од квалификациите за Светското првенство.

Средбата на „Вембли“ заврши без победник 1-1, резултат кој значеше дека четата на Саутгејт ќе мора да побара друга прилика за да го потврди пласманот на мундијалот кој е на програмата наредната година. Секако кога има вакви резултати, партии има критики за играчите, па легендарниот Рој Кин имаше што да каже за капитенот Хари Кејн.

Кејн не се прослави и беше заменет во второто полувреме што е само потврда дека во досегашниот дел од кампањата не е на посакуваното ниво, односно дека целатаа таа летна трансфер приказна, драма со Манчестер Сити имала влијание врз него.

-Нема средина со него, кога е во ритам е фантастичен, но кога е „исклучен“, тоа многупати сме го виделе тој е како да е на пети, не може да ја забрза играта. Што и да се случува на клупско ниво, тој треба да направи малку повеќе кога не е во најдобра состојба во однос на општата игра, -истакна иконата на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни