Поврзете се со нас

Англија

Кин со интересна изјава за играч на Јунајтед: Многу е подобар кога влегува како резерва

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се намачи за да го скрши отпорот на Лестер и со гол на Мегваер во судиското продолжение победи со 2:1, триумф кој им овозможи на „ѓаволите“ да се пласираат во следната рунда на ФА Купот.

Јунајтед одново одигра слаб меч и не понуди многу нешта за радост меѓу навивачите на клубот, а истото важи и за експертите кои редовно даваат коментари за играта на тимот кој го води Рубен Аморим.

Изјавите на Рој Кин обично се најинтересни за англиската спортска јавност, па така овојпат даде специфичен коментар за фудбалер кој беше на трансфер листата, но кој на крајот не беше продаден.

Алехандро Гарначо понуди добри движења во второто полувреме и дефинитивно го разрмда тимот, но Кин вели дека во ниту еден случај не му верува кога е стартер во тимот.

– Мислам дека на Гарначо му прилега да биде резерва, му прилега да влегува како резерва. Не му верувам многу како стартер. Кога тимот се коцка и кога треба некој да раздвижи, тогаш мислам дека доаѓа до израз. Гарначо е играч кој ја тестираше одбраната на Лестер и навистина е добар за директен фудбал, – изјави Кин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни