Поврзете се со нас

Англија

Кин со брутален заклучок за среќната победа на Јунајтед: Не знам што гледал Мегваер!

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин мораше да гледа уште една драма која му ја приреди неговиот омилен Манчестер Јунајтед, а додека еден дел од фановите се радуваат на новото финале против Манчестер Сити во ФА Купот, легендарниот капитен не штедеше критики за играчите на Ерик Тен Хаг.

Јунајтед се посрамоти на „Вембли“ и малку фалеше да биде елиминиран од Ковентри, и тоа на натпревар на кој премиерлигашот имаше предност од 3:0 до 70-та минута.

Ковентри се врати со три гола и го однесе мечот во продолженија, а потоа постигна и гол во 121-та минута кој беше поништен поради мал офсајд.

Поарди сите овие случувања и поради изјавата на Хари Мегваер, Кин реши во свој стил да распали по играчите на Ерик Тен Хаг, особено откако стоперот заклучи дека тој и соиграчите покажале карактер преживувајќи ги трите гола на второлигашот.

– Воопшто не ми се допаѓа што гледам од овој тим на Јунајтед. Тешко е да го засакате овој  тим. Имаат свои моменти, сите бараме лидери и карактер, но тоа едноставно го нема. Не ми се верува колку среќа имаа на крајот. Ковентри изгледаше како премиерлигаш во продолженијта,  а Јунајтед изгледаше како  тим од Чемпионшип!

– Ова ја преминува секоја граница, Мегваер по мечот изјави дека покажале карактер….. Јас не гледам карактер во оваа група на играчи, навистина не гледам ништо такво. Навистина не ми е јасно што видел Мегваер, – изјави Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни