Поврзете се со нас

Англија

Кин: Се уште му забележувам на Солскјер за големото промашување против Леверкузен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин девет години ја делеше соблекувалната со Оле Гунар Солскјер и на крајот од етапата во Манчестер Јунајтед му беше капитен, а иако заедно освоија се што може да се освои, Ирецот се уште жали за едно големо промашување на Норвежанецот.

Солскјер беше херојот на Јунајтед кој го комплетираше незаборавниот пресврт на „Камп Ноу“ во финалето против Баерн Минхен, но три години подоцна, Јунајтед повторно беше блиску до финалето, но остана на чекор од него.

Англискиот великан во двомечот загуби од Баер Леверкузен поради повеќе примени голови на домашен терен (2:2), а Кин ден денеска се сеќава дека на натпреварот во Германија, Солскјер промаши голема шанса.

Иако поминаа речиси 22 години од споменатиот меч, Рој има свежи сеќавања од таа ситуација, па открива дека се уште му забележува на Солскјер за таа утка кога се гледаат меѓусебно.

– Знам дека мора да продолжите напред со одредени работи во животот, но јас се уште ја гледам акцијата пред моите очи. Се уште гледам како Оле Гунар Солскјер ја промашуваа таа шанса против Леверкузен. Јас стоев зад него, од таков фудбалер барате само да го погоди голот, а тој шутна над голот.

– Се уште се навраќам на ова кога се гледам со него, се уште му ја споменувам шансата која ја промаши. Заборавете на тоа колку беше брилијантен за Јунајтед, мораше да го погоди голот во тој момент, – во свој стил вели Кин.

Инаку, и самиот Солскјер во 2021-ва година призна дека би променил само едно нешто од својата кариера во Јунајтед, а тоа е токму акцијата која ја споменува Кин во последното интервју.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни