Поврзете се со нас

Англија

Кин се согласи со Дини за играч на Јунајтед: Требаше да добие стап во глава

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Трој Дини пред неколку дена јавно го прозва Алехандро Гарначо и му препорача дека фудбалската игра не е за него, сето тоа како последица на нервозната реакција на Аргентинецот по брилијантниот гол против Лестер.

Гарначо реши да не го слави голот како последица на одредени критики кои ги доби од фановите, па откако доби лекција и од капитенот Бруно Фернандеш, оваа тема се „зажешти“ и во јавноста.

По Трој Дини, со коментар на оваа тема се јави и Рој Кин, кој му препорача на Гарначо да си бара друга работа ако не може да се справи со критиките.

– Оваа игра се менува, но се менува на лошо. Знаеме дека младите играчи знаат да страдаат, но ако не знаат да прослават гол, тогаш нешто навистина е многу лошо во фудбалот. Постигна брилијантен гол, а тој со мислите беше кај фанот кој му најде забелешки.

– Не размислува на другите фанови, навивачите плаќаат цело богатство за да го гледаат, а тој не прославува гол. Ако еден млад играч на Јунајтед не ужива во брилијантниот гол што го дава, што би му препорачал да прави? Да си најде друга работа. Ако работеше во фабрика, некој ќе го удреше со стап по глава. Има идиоти насекаде и ќе ги има, но мојата поента е следната: Треба да заборавиш на нив кога постигнуваш гол. Ако не може да се носи со тоа, нека си бара друга работа, – вели Кин во свој стил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни