Поврзете се со нас

Англија

Кин се активираше на Инстаграм после цели две години и побара работа на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин пред неколку дена му поставуваше прашање на Оле Гунар Солскјер во интересниот разговор кој го имаа неколку фудбалски легенди (вклучени беа и Невил и Рајт), но дружбата со поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед продолжила и малку подалеку од студијата.

Легендарниот капитен на Јунајтед реши да се реактивира на Инстаграм и имаше прва објава по пауза од цели две години, а дел од селфито беше токму Оле.

Солскјер во импровизираното студио на „Скај“ говореше за сите проблеми на кои наишол како менаџер на Манчестер Јунајтед, период по кој направи подолга пауза и сега чека нов ангажман.

Истото важи и за Рој Кин кој е доста поактивен како стручен аналитичар, отколку како тренер, па затоа реши да испрати оригинална порака со селфито кое го сподели на Инстаграм.

– Испратете ни директни пораки ако барате да ангажирате менаџер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни