Поврзете се со нас

Англија

Кин призна дека претерал со критиките кон еден играч на Јунајтед: Му се јавив и му се извинив

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Хари Мегваер важи за голема загуба за Англија на ова Европско првенство, нешто што многумина од Манчестер Јунајтед не можат да го разберат, особено ако се знае дека стоперот доживеа вистински хорор во јавноста во изминатите две години.

Поранешниот капитен на Јунајтед беше предмет на голем потсмев во јавноста и беше „под лупа“ за секој потег кој го имаше на теренот, а еден од оние кои доста му се потсмеваа беше и Рој Кин.

Легендарниот Ирец се наврати во времето и призна дека еднаш посебно претерал во исмевањето, па решил лична да телефонира и да му се извини на Мегваер.

– Бев многу суров кон Хари Мегваер. Сите се обидуваме да се задржиме на фудбалските работи, а бидејќи често го коментираме Манчестер Јунајтед, тој беше играчот кој најмногу страдаше. Но, исто така мора да размислувате и на менталното здравје кај еден фудбалер и јас ја преминав линијата со Хари.

– Се сеќавам дека еднаш му се потсмевав доста ниско и тоа беше целосно надвор од контрола. Ја преминав границата, особено поради тоа што и јас бев дел од оваа игра. Сепак, бев доволно возрасен за да му се јавам и лично да му се извинам на Мегваер. Понекогаш и ние што коментираме правиме големи грешки, – признава Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни