Поврзете се со нас

Англија

Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити иако важеше за фаворит не успеа да го совлада Тотенхем (3-3) и со тоа уште еднаш остана без триумф без Премиер лигата со оглед на тоа што претходно не славеше и во пресметките со Ливерпул (1-1) и Челси (4-4).

Актуелните шампиони покажуваат слабости во овој период, примаат доста голови и тоа е проблем, односно најдобар доказ е дека веќе паднаа на третата позиција на табелата, а веќе во наредното коло ги очекува пеколно и тешко гостување во Бирмингем каде ќе се соочат со Астон Вила која е на четвртото место.

Рој Кин како човек кој има поминато многу во кариерата секогаш му давал предност на Сити во борбата за пехарот, ама и тој полека почнува да се сомнева во избраниците на Пеп Гвардиола.

-Сигурно не би се обложил против Сити, но почнувам да се сомневам дали Сити ќе ја освои таа титула. Има причина зошто не е освоена четири години по ред, бидејќи да се одржи тоа ниво, таа глад, желба, добивате неколку повреди, а некои од најдобрите момчиња излегуваат од тоа. Но, секако ги гледам Арсенал и Ливерпул, особено Арсенал со силата и длабочината што ги има и искуството од минатата година, -порача Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни