Поврзете се со нас

Англија

Кин обвини: Двајца играчи на Арсенал играа како четвртолигаши против Сити!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин во подкастот „Држете се до фудбал“ испорача сериозни забелешки за Микел Артета и пристапот кој го имаше неговиот Арсенал против Манчестер Сити, но исто така, посебно подбра и двајца играчи од актуелниот англиски вицешампион.

Легендата на Јунајтед во свој карактеристичен стил ги омаловажи изданијата на Деклан Рајс и Бен Вајт, правејќи слична паралела како онаа за Ерлинг Халанд пред една година.

Кин посочи дека Рајс и Вајт играле како четвртолигашки фудбалери на натпреварот на „Итихад“, бидејќи во неколку наврати ги уловил како намерно ја исфрлаат топката и се обидуваат да го трошат времето.

– Кога се игра на највисоко ниво, не треба секогаш да добивате инструкции од менаџерот. Кога гледам како англиски репрезентативци намерно ја исфрлаат топката од игра, се прашувал дали тие мислат дека играат во Лига 1, или Лига 2 (четврта лига).

– Навистина се однесуваа како нисколигаши, а не како да се играчи на Арсенал. Немам ништо против да се браните, но да ја исфрлате топката од игра на таков начин…….. Имаше неколку инциденти, Бев Вајт намерно ја рогаше топката и ја исфрлаше од игра, а Деклан Рајс неколку пати ја шутна топката на трибина. Зарем тоа е Арсенал за кој треба да зборуваме….., – прашува Кин во своето обраќање.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни