Кин објасни зошто Ливерпул се уште не е голем тим

kin-sal

Рој Кин беше гостин во отвореното студио на „Скај Спортс“ и во неколку наврати нагласи дека Ливерпул во овој момент е далеку подобар тим од Манчестер Јунајтед, а воедно беше и најгласен во протестите кога беше поништен голот на Фирмино поради претходен прекршок од Ван Дајк над Де Хеа.

Легендарниот капитен на Јунајтед максимално објективно ги согледа сите случувања на „Енфилд Роуд“, но покрај тоа што немаше воопшто милост кон Антони Марсијал кој го критикува веќе подолго време, на Џејми Карагер се обиде да му објасни зошто Ливерпул се уште не е голем тим како што на времето беше тимот на Јунајтед за кој тој настапуваше.

– За мене е многу едноставно, овој Ливерпул се уште не е голем тим. Навистина е едноставно, за да добијат таков примат, треба да освојам многу повеќе трофеи. Очигледно е дека им оди многу добро минатата и оваа сезона, ја освоија Лигата на шампионите, а повеќе од очигледно сега ќе ја освојат и Премиер лигата. Но, мора да освојат многу повеќе титули, само така ќе станат голем тим, само така им се даваат оценки на големите тимови. Прашањето е дали ќе можат да освојат повеќе титули и да ја одбранат титулата во Премиер лигата, – порача Кин.

Facebook Коментари