Поврзете се со нас

Англија

Кин не верува во шампионскиот ген на Артета и доведе во прашање еден клучен фудбалски елемент

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рој Кин обично е критички настроен кон својот Манчестер Јунајтед кога нема да оствари позитивен резултат на едно дерби, но легендарниот Ирец овојпат го промени наративот и испорача серија критики за Арсенал.

Ремито на „Олд Трафорд“ практично стави крај на било каква неизвесност околу шампионската трка во Премиер лигата, па тоа го натера Рој Кин да се запраша дали Арсенал навистина може да биде кандидат за трофејот и наредната сезона.

– Мислам дека Арсенал нема да ја освои титулата и наредната сезона. Зошто би помислил такво нешто? Што ве тера да мислите дека овој менаџер може да го направи тоа? Тие беа блиску неколку пати изминативе години, но Сити ќе биде силен наредната година, а Ливерпул ќе биде уште посилен.

– Нема ниту еден доказ кој ни вели дека тие први ќе ја минат целта. Купување на напаѓач ќе им помогне, но главното прашање е следно: Дали тие го имаат потребниот менталитет? Дали менаџерот го има шампионскиот менталитет? Гледаме различни епизоди од нив секојпат кога губат, а кога губат, навистина изгледаат вознемирено.

– Не сметам дека еден напаѓач ќе направи толку голема разлика. Овој тим на Арсенал може да биде претендент, но најважна работа во фудбалот е да освојувате титули, – потенцира Кин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни