Поврзете се со нас

Англија

Кин: Јунајтед не треба да прашува за цената за Кејн, но имам голема забелешка за него

Објавено

на

Рој Кин е посебно активен во периодот околу Европското првенство, реализирајќи нов тв проект заедно со Мика Ричардс, а денеска тема на нивниот разговор бил Хари Кејн.

Јасно е дека ова лето Кејн има најголеми шанси досега да го напушти Тотенхем, а за неговите услуги се заинтересирани речиси сите англиски ривали, но и клубови од други земји.

Кин вели дека Кејн е фудбалер во кого треба да се инвестира, но има една забелешка за него.

– Мислам дека Кејн е фантастичен фудбалер, секој клуб треба да се обиде да го ангажира. Истото важи и за Манчестер Јунајтед, не би требало да се жалат и 120 милиони фунти за овој трансфер.

– Но, сметам дека тој не е добар лидер. Никогаш не сум видел да притиска некого во Тотенхем, иако знам дека некои луѓе ќе речат дека тоа не е негов стил, тоа го прави во соблекувалната. Мислам дека не го прави тоа и станува збор за голем проблем, – смета Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни