Поврзете се со нас

Англија

Кин: Јунајтед е просечен премиерлигашки клуб, Аморим го очекува…

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Манчестер Јунајтед се обидува да фати нов правец и да се врати на старите победнички патеки, поточно сега тоа е задача на Рубен Аморим кој го прифати предизвикот, го напушти Спортинг Лисабон на сред сезона и слета на „Олд Трафорд“.

Јунајтед на неговото деби ремизираше со Ипсвич во средба во која „црвените ѓаволи“ можеа и да загубат ако не беше голманот Андре Онана, поточно тоа беше уште една потврда дека Португалецот го очекува пеколно тешка задача.

-Манчестер Јунајтед во овој момент какви и да се проблемите е просечен тим од Премиер лигата. Толку многу тимови се далеку пред нив. Има долг пат пред овој тим на Јунајтед. Ова е огромна задача за менаџерот, го очекува голема работа. И повторно, продолжуваме да го кажуваме тоа, но слушајте се надевам дека ќе го средат, -вели секогаш искрениот Рој Кин кој смета дека овој состав нема квалитет за топ 4 пласман во домашниот шампионат.

-Сè уште ги имате истите играчи таму. Истите проблеми. Зборуваме за леопарди и дамки, проблемот со Јунајтед во последните неколку години. Недостаток на голови, недостаток на квалитет. Го гледаме Ипсвич кој цела сезона нема победено дома и изгледаше како подобар тим. Ако некој тим беше поблиску до победата тоа беше Ипсвич.

-Дали верувам дека оваа група на играчи има квалитет да го врати Јунајтед меѓу првите четири или пет? Апсолутно не. Доказите едноставно ги нема. Откако играта ќе започне, тоа е истата стара работа, -подвлече легендата на Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни