Поврзете се со нас

Англија

Кин има јасен фаворит за титулата во ПЛ: По она што го видов…

Објавено

на

Зад нас е 30. коло во Премиер лигата по кое имаме нов лидер на табелата во Ливерпул кој го совлада Брајтон со 2-1 и на најдобар можен начин го искористи ремито меѓу Манчестер Сити и Арсенал на „Итихад“.

„Црвените“ сега се водечки со 67 бода или два и три повеќе во однос на „топчиите“ и „граѓаните“ на девет кола до крајот што значи дека во моментов имаат се свои раце, односно зависат самите од себе.

Сепак девет натпревари не се малку, во игра се 27 бода и останува да се види што ќе се случи до самиот крај на шампионатот. Рој Кин кој во кариерата освои седум титули во англискиот шампионат го промени ставот кога е во прашање шампионската трка, па според него Ливерпул во моментов е јасен фаворит за пехарот.

-Мислам дека Ливерпул се фаворит. Арсенал втор фаворит поради гол разликата. Сити со повредите и оптоварувањето на сè – доаѓа Лигата на шампионите, исто како и Арсенал. Секогаш кога го гледам Ливерпул, можеме да погледнеме една или две грешки што може да ги имаат, но тие имаат толку многу шанси на секој натпревар, што ќе постигнат многу голови.

-Преходно типував на Сити, но по она што го видов неодамна, ќе одам со Ливерпул, -порача легендата на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни