Поврзете се со нас

Англија

Кин идентификуваше два огромни проблеми кои Аморим ќе мора да ги решава на „Олд Трафорд“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 против Челси и повторно се врати на старите патеки, прикажувајќи се во едно доста неубедливо издание пред своите навивачи на „Олд Трафорд“.

Тоа му даде за право на Рој Кин да посочи дека вината не треба да се бара кај менаџерот Ерик Тен Хаг, бидејќи тој како легенда во овој тим гледа голем број играчи кои не заслужуваат да го носат црвениот дрес.

Ирецот смета дека Рубен Аморим ќе има многу работи за решавање кога ќе пристигне за неколку дена, но сепак реши да му идентификува два како најголеми и за кои ќе треба да почне да работи уште на првиот тренинг.

– Работната етика и лошата реализација се два огромни проблеми за менаџерот кој доаѓа. Има неколку играчи во оваа соблекувална на Јунајтед кои играат на важни позиции, но кои не се научени да трчаат. Кога има играчи кои не трчаат, тогаш се јавува огромен проблем. Има играчи кои не трчаат доволно, кои не се доволно брзи, а има и такви кои не сакаат да трчаат. Има многу талентирани играчи, но ако не трчате, нема да стигнете никаде. Новиот менаџер ќе мора да работи на овој фудбалски менталитет.

– Друг огромен проблем е недостатокот на голови во Манчестер Јунајтед. Секојпат кога ја гледам статистиката по 10 одиграни натпревари, гледам дека Јунајтед има гол разлика „минус три“. Тоа е навистина тешко за прифаќање во клуб кој има големи стандарди, – вели Кин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни